Филипче: ВМРО им мачка очи на граѓаните со ЕУ парите
ВМРО им мачка очи на граѓаните со манипулација околу средствата од EU Reform and Growth Facility, реагира Венко Филипче, посочувајќи дека ова не е никаков голем реформски успех, туку обид да се прикрие фактот дека Македонија требало да добие многу повеќе средства од Европската унија.
Според Филипче, средствата од овој европски механизам не можат да се споредуваат меѓу државите како да станува збор за ист пакет пари, бидејќи секоја земја ги добива за различни реформи и различни области. Македонија добила 65,7 милиони евра за образование и дигитализација во училиштата, Албанија 49 милиони евра за бизнис конкурентност и иновации, а Црна Гора 44,2 милиони евра за истражување и иновации.
Филипче нагласува дека станува збор само за една транша од повеќе можни исплати, а не за конечен показател за реформски успех. Според него, Македонија требало да добие околу 200 милиони евра, но износот што е одобрен покажува дека се реализирани само неколку проекти во одредена област.
„Парите се performance-based, односно добиваш колку што ќе направиш во конкретната област“, посочува Филипче.
Тој обвинува дека ВМРО со ваквото претставување на средствата се обидува да ја прикрие реалната состојба со реформите. Според Филипче, најважните реформски области, владеењето на правото, борбата против корупцијата и судството, стојат во место.
„Ова не е знак за успех во реформите, туку знак дека реализирале само неколку проекти во одредена област“, наведува Филипче.
Тој предупредува дека следната транша може да биде значително помала, или воопшто да ја нема, доколку Владата не започне со сериозни промени и вистински реформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: ВМРО им мачка очи на граѓаните…
ВМРО им мачка очи на граѓаните со…
Темелно се реконструира патот кон Средно Водно,…
Темелно се реконструира патот кон Средно Водно,…
Се огласи МАНУ, предлага одржлив развој! Иловица…
Македонија располага со рудни проекти кои би…
Русија и Белорусија одржaa тридневна заедничка вежба…
Последната вежба на нуклеарните сили на армиите…
Рубио разговараше со Гутереш за Ормутскиот теснец
Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио разговараше…