Објавено на:

Русија и Белорусија одржaa тридневна заедничка вежба на нуклеарните воени сили

t

Последната вежба на нуклеарните сили на армиите на Русија и Белорусија се одржа денес, а рускиот претседател Владимир Путин ја набљудуваше од својата канцеларија во Москва. Камиони со интерконтинентални балистички ракети татнеа по шумските патишта, нуклеарни подморници испловија од арктичките и тихоокеанските пристаништа, а екипажите се качија во воени авиони.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во вежбата учествувале 64.000 војници, повеќе од 200 ракетни лансери, над 140 авиони, 73 површински воени бродови и 13 подморници, вклучувајќи осум вооружени со интерконтинентални балистички ракети со нуклеарни боеви глави.

Фокусот на вежбата беше „подготовка и употреба на нуклеарни сили под закана од агресија“, се вели во соопштението на министерството.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко беше на вежбата, стоејќи до руска балистичка ракета со краток дострел „Искандер“ способна да носи нуклеарно оружје, и рече: „Долго време сонував за ова“.

Тридневната вежба, која започна во вторник, беше спроведена и покрај порастот на украинските напади со беспилотни летала, вклучувајќи еден што стигна до периферијата на Москва, при што загинаа три лица и беа оштетени неколку згради и индустриски објекти.

Вежбите се фокусираа на соработката со Белорусија, сојузник на Русија, која е домаќин на рускиот арсенал, како и на најновиот ракетен систем со среден дострел „Орежник“, способен да носи нуклеарно оружје.

Во 2024 година, рускиот претседател Владимир Путин одобри ревидирана нуклеарна доктрина, според која секој конвенционален напад врз Русија од страна на земја поддржана од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад од таа земја и нуклеарната сила. Заканата очигледно имаше за цел да го обесхрабри Западот да дозволи Украина да ја нападне Русија со западно оружје со долг дострел.

Ревидираната доктрина ја стави Белорусија под „рускиот нуклеарен чадор“, а Путин рече дека Москва ќе ја задржи контролата врз своето нуклеарно оружје распоредено во Белорусија, но ќе му дозволи на сојузникот да избере цели во случај на конфликт, објави „Бета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Белорусија одржaa тридневна заедничка вежба…

Последната вежба на нуклеарните сили на армиите…

Рубио разговараше со Гутереш за Ормутскиот теснец

Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио разговараше…

(Видео) Огромен пожар на реката Сава во…

Денеска во Белград избувна голем пожар на…

Инцидент што ја крена дипломатијата на нозе…

Обединетите нации изразија сериозна загриженост поради безбедноста…

Петер Маѓар: Правата на Унгарците во Украина…

Секоја земја, вклучително и Украина, има право…