Филипче на средба со Дробњак, лицето кое било главен преговарач на Хрватска за ЕУ
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ, Венко Филипче, денеска се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија.
На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата.
Според соопштението, Филипче во разговорот се осврнал на актуелната политичка состојба во државата, како и на како што се навеува, закочениот европски пат на земјата.
Ја истакна потребата од забрзување на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека реформите, внесувањето на малцинствата во Уставот и добрососедските односи остануваат клучни предуслови за напредок на земјата на европскиот пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче на средба со Дробњак, лицето кое…
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и…
Рама: ЕУ направи грешка што преговорите со…
Премиерот на Албанија, Еди Рама во интервју…
Милошоски: Потребна е искрена и остварлива европска…
Во Скопје се одржа панел-дискусија на тема…
Пет земји-членки предлагаат членство во ЕУ за…
Пет земји-членки на Европската Унија предложија нов…
Муцунски одржа работна средба со амбасадорот на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…