Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028

t

Оваа влада нема да издржи до 2028 година, смета опозицискиот лидер Венко Филипче. Својата претпоставка ја темели на ставот дека власта е сконцентрирана исклучиво на сопствените интереси. Тој го одби и предлогот на Мицкоски техничката влада да важи и за наредните избори. Филипче вели дека пржинската влада мора да остане.

Мицкоски, пак, вели дека предлогот за пржинската влада е таков затоа што токму Филипче го барал, додавајќи дека таа, според него, воопшто не ѝ е потребна на Македонија.

Тој останува на ставот дека засега се потребни редовни, а не предвремени избори.

Прашањето за укинување на пржинската влада се отвори на лидерската средба што ја организираше премиерот, на која Филипче не присуствуваше. Нацрт-измените на Законот за Влада веќе се изготвени и доставени до пратеничките групи. Сепак, пораките од парламентарното мнозинство се дека ќе се направат обиди техничката влада да биде укината консензуално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Оваа влада нема да издржи до…

Оваа влада нема да издржи до 2028…

Норвешката принцеза со години имала контакт со…

Норвешката принцеза е вмешана во уште еден…

Хамнеи: Ако САД нападнат, ќе следи регионална…

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, денес…

Трамп: Се надевам дека ќе постигнеме договор…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази надеж…

Морничаво… Македонија се најде во фајловите на…

Илјадници човечки мозоци од македонски државјани завршиле…