Филков бил на седницата за пратенички прашања, но не останал долго – брзал кај швајцарскиот амбасадор

t

По тоа што повеќето владини министри и нивните заменици денеска не се појавија на собраниската седница наменета за пратенички прашања од опозицијата, од Министерството за правда информираат дека министерот Игор Филков присуствувал на почетокот на седницата, но не можел да остане до крајот поради претходно закажана средба со амбасадорот на Швајцарија.

Според соопштението од Министерството, работната средба со швајцарскиот амбасадор била однапред планирана токму за денот кога министерот требало да одговара на прашања од опозициските пратеници во Собранието.

„Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на денешната собраниска седница од 11 часот, на која се поставуваа пратенички прашања од опозицијата. Со оглед на тоа што беше побарана едночасовна пауза од страна на пратеничка група и дојде до пролонгирање на седницата, а поради однапред планирана работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, министерот Филков не беше во можност да присуствува на продолжението“, соопштуваат од Министерството, додавајќи дека за тоа го информирал и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Паузата, како што се наведува, била дадена од страна на Гаши со цел да се обезбеди присуство на министерот за економија, Бесар Дурмиши, за да одговори на прашања од опозициските пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков бил на седницата за пратенички прашања,…

По тоа што повеќето владини министри и…

Словачка прогласи вонредна состојба поради прекин на…

Словачката влада денес прогласи вонредна состојба во…

Синодот на СПЦ го суспендира владиката Јустин…

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква…

Вучиќ: Пленковиќ ми рече дека воениот сојуз…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за…

СДСМ: Владата на Мицкоски се луксузира додека…

Опозициската партија СДСМ остро ја критикува Владата…