Синодот на СПЦ го суспендира владиката Јустин кој ги поддржува студентите

t

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска донесе одлука за суспендирање на митрополитот Јустин од Жичката епархија, објави на социјалните мрежи српскиот теолог Благоје Пантелиќ, а пренесува Н1.

Неговите должности ќе ги преземе митрополитот Арсениј од Ниш.

Во документот што на социјалните мрежи го сподели теологот се наведува дека веднаш ќе се направи примопредавање на должностите помеѓу суспендираниот митрополит Јустин и митрополитот Арсениј од Ниш.

Митрополитот Јустин е познат по тоа што изминатиот период ги поддржуваше студентите, а ги критикуваше српските власти.

СПЦ, како што претходно објави „Нова“, покрена истрага против него поради сомнежи за на кој начин досега ја водеше Жичката епархија.

На почетокот на месецот верници се собраа во неговиот епископски дом во Краљево за да го поддржат, кога претставници од СПЦ дојдоа кај него во посета за да го контролираат работењето на Жичката епархија.

Исто така, митрополитот им дозволи на студентите од Нови Пазар, кои минатата година пешачеа до Нови Сад, да преноќат во манастирот Студеница.

Според наводите на Синодот, митрополитот Јустин неовластено основал трговски друштва, го прикривал нивното работење и се запишал како нивен вистински сопственик. Исто така, се наведува и дека е извршена неовластена продажба на 34 црковни недвижности, како станови, деловни простории и други објекти во Краљево и Чачак, а биле склучувани милионски договори спротивно на црковните прописи.

Синодот на СПЦ ги отфрли тврдењата дека станува збор за политички прогон на митрополитот Јустин поради актуелната општествена и политичка состојба во Србија.

Оттаму посочуваат дека се работи за внатрешни канонски и црковни прашања во надлежност на црковните органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…