Филков: Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз Уставот
Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира на обидот, како што вели, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Тој тврди делка Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата.
-Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок. Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем. Недозволиво е чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем да се користат за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии, укажува Филков.
Министерот потенцира дека правосудниот испит се спроведува согласно важечките закони и професионални стандарди, а не според дневно-политички агенди или притисоци од улица.
-Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството.
Министерството за правда останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок.
Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата, дециден е министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Обидите да се прикаже законската обврска…
Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си…
Филипче во последно време стана погласен за…
Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го…
Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат…
Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата…
Го слушав говорот на премиерот вчера, подоцна,…
Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека…