Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

t

Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет. Ова е чиста манипулација. Вистината е спротивна: Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее, вели портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност. На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот“, вели таа.

Обвини дека не се во прашање малцинствата, туку намерна блокада на ЕУ интеграциите.

„Зошто ВМРО-ОКГ не се плаши од нив, а се плаши од Бугарите, на кои според пописот се само 3.504? Одговорот е јасен: не се во прашање малцинствата, туку намерната блокада на ЕУ интеграциите. Ако се внесат Бугарите, Хрватите или други малцинства во Уставот, како тоа го слабее македонскиот идентитет? Напротив – го зајакнува. Зашто сите тие граѓани се македонски државјани, а малцинскиот статус е само дополнителна заштита на нивните колективни права“, рече Кузеска.

Според неа, изборот е помеѓу Европска Македонија или криминална изолација.

Македонскиот народ останува конститутивен и доминантен народ во својата држава. Отворањето на вратата кон Европската Унија истовремено значи отворање на вратата за Европското јавно обвинителство. А токму тоа Мицкоски и неговата криминална група најмногу го стравуваат. Нема повеќе наместени тендери, а следи и одговорност пред институциите на правдата. Затоа и ја блокираат уставната измена. Сè останато – „загрозен идентитет“, „бугарска опасност“ и слично – е чиста лага и изговор за да ја заштитат својата криминална мрежа, неказнивоста и можноста за продолжен грабеж на државата. Мицкоски не се бори за македонскиот идентитет. Тој се бори за својата безбедност и безбедноста на својата криминална група. СДСМ јасно порачува: Силен македонски идентитет во силна европска Македонија! Правда, а не заштита на криминалците“, кажа Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Платите за 23 месеци пораснаа за…

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни…

На Исланд референдум за продолжување на преговорите…

Исланѓаните денеска на референдум треба да се…

Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира…

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика…

Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…

Бугарија денес ја доби првата исплата од…

Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој…

Венко Филипче и неговото СДС координирано од…