Фирма основана месец дена пред надавањето купи хотел во центарот на Штип за само 250 илјади евра
По неколку неуспешни објави, Општина Штип на последниот јавен оглас успеа да го продаде стариот хотел „Гарни“ за 250.000 евра. Овој објект, кој се наоѓа во центарот на градот и е култен симбол на Штип, е купен од фирмата „Памвеј инвест“ ДООЕЛ Штип. Основана на 23 март 2025, таа се занимава со хотелско и слично сместување, пренесува СДК.
Во претходните огласи овој објект се нудеше со почетна цена од 500.000 евра, но на досегашните две лицитации немаше заинтересирани купувачи. Според секретарката на Општина Штип Вишна Шорова-Ангелова, објектот прво ѝ се нуди на државата, а ако таа се откаже, тогаш оди на јавна понуда.
Овој објект е изграден во 1924 година. Хотелот не работи повеќе од десет години и е затворен. Има седум соби, стари уредени балкони кои гледаат кон центарот на градот, мала сала за состаноци и подрумски дел за појадок. Располага со 300 квадратни метри и со летна бавча со ресторан и двор со вкупна површина од 200 квадратни метри.
Според условите од повикот, купувачот е должен да ги задржи стариот изглед на објектот и неговата основна намена и како таков од државата е заштитен како споменик од прва кетегорија.
Извор: СДК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…