Фон дер Лајен: Русија се обидува да посее страв во Европа, но нема да успее

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вети солидарност од ЕУ со Германија како одговор на сомнителниот руски обид за напад врз аеродромот во Лајпциг.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе стои обединета против руската агресија и ќе го одврати секој кој ќе се обиде да ги поткопа слободата и безбедноста во блокот.

„Ќе ја одржиме ЕУ обединета наспроти овие ескалирачки и сериозни акти“, напиша таа на социјалните мрежи. ЕУ стоеше обединета и одлучна против руската агресија и ќе го одврати секој кој се обидува да ги поткопа слободата и безбедноста во ЕУ, рече таа.

„Русија се обидува да посее недоверба и страв меѓу нашите општества. Но, таа нема да успее. И ние ќе стоиме зад Украина колку што е потребно“, објави Лајен на X.

Фон дер Лајен изјави дека денеска разговарала со канцеларот Фридрих Мерц за инцидентот на аеродромот во Лајпциг, пренесе ДПА.

„Го уверив дека ЕУ e целосно солидарна со Германија во соочувањето со овој напад од страна на Русија“, напиша таа.

Таа рече дека за ова прашање утре ќе разговара и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Планирани се и консултации меѓу министрите за надворешни работи, на кои ќе се разговара за можни санкции, додаде Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…