(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција на протестот против насилството врз жените
На денешниот протест против насилството врз жените, кој се одржа во центарот на Скопје, еден од присутните се појави со транспарент со навредлива содржина упатена кон полициските службеници.
На транспарентот беше испишана кратенката „ACAB“, која на англиски јазик означува „All Cops Are Bastards“, или во превод на македонски јазик „Сите полицајци се копилиња“.
Станува збор за слоган кој се користи на протести во различни земји низ светот и со кој се изразува негативен став кон полицијата како институција.
На протестот, кој започна во Жена парк, присуствуваа неколку стотина граѓани.
Протестот беше организиран од граѓанското движење „Ниту една повеќе“, по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
Главната цел на протестот беше да се испрати порака за потребата од поефикасна институционална заштита на жените од насилство и спречување на фемицидот.
Засега нема информации дали организаторите се оградиле од навредливата порака упатена кон македонските полициски службеници. Присуството на транспарентот само по себе не значи дека неговата содржина е официјален став на организаторите или на останатите учесници на протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција…
На денешниот протест против насилството врз жените,…
НОВАТА ВЛАСТ ВО СРБИЈА Ѝ УДРИ ШАМАР…
Србија нема да учествува на самитот на…
ОЈО Крива Паланка постапува по напад врз…
Обвинителството во Крива Паланка почна да постапува…
Руска рафинерија гори веќе трет ден
Резервоарите за складирање во нафтената рафинерија во…
Мицкоски со јасна порака до ЕУ: Уставот…
Премиерот Христијан Мицкоски за медиумите пред почетокот…