Објавено на:

(Фото) Уапсен возач: Полициски пресретнувач го фатил како вози со 179 км/ч кај Врапчиште

t

На 12.07.2026 во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч.

-По насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од Тетово е лишен од слобода а возилото кое го управувал марка “мерцедес” со тетовски регистарски ознаки е одземено за понатамошна постапка. Против возачот Л.М. од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ, информира МВР.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, посочуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска дизелот поскапува за 5,5 денари,…

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Проф. Димов: Новите технологии практично значат нула…

Македонија и Грција располагаат со слични бакарни…

Го приведоа двапати во еден ден –…

МВР информира дека вчера во 10:45 часот,…

Над 80 отсто од туристите во мај…

Македонскиот туризам продолжува да се потпира на…