Над 80 отсто од туристите во мај пристигнале од странство
Македонскиот туризам продолжува да се потпира на странските гости, додека бројот на домашни туристи бележи пад, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за мај 2026 година. Во овој месец се регистрирани над 131 илјада туристи и повеќе од 236 илјади ноќевања, при што странските посетители сочинуваат дури 81% од вкупниот број на гости, предводени од убедливата доминација на туристите од Турција.
Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај 2026 година:
34 681 од Турција
9 578 од Германија
7 605 од Србија
4 858 од Бугарија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…