(Фото+Видео) Колку милиони плативме за повторно да сме изненадени од снегот?
Снегот не е изненадување во зима – подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Спротивно на објавата на градоначалникот, граѓаните до нашата редакција испратија бројни видеа и фотографии кадешто се гледа состојбата на патиштата во главниот град. Автобусите речиси и да не беа функционални, односно, ако успеале да ја достигнат точка А, не можат да се вратат до точка Б поради неисчистените патишта. Со самото тоа, автобуските беа преполни и граѓаните доцнеа на своите работни места.
Она што и ние го затекнавме на терен е токму она за кое граѓаните утринава се пожалија. При застојот на автобуси, поставивме прашање до еден од возачите кои стоеја во место и не можеа да пренесуваат патници: „Зошто автобусите не возат?“ – одговорот на прашањето беше следен:
„А како да возиме? Дојдовме до тука, сега не можеме да се вратиме, немаат фрлено сол и не можеме да ја искачиме нагорнината, со летни гуми сме.“
Зошто ЈСП сѐ уште вози со летни гуми, беше прашање кое го поставивме во ЈСП и во Град Скопје, за кое до сега немаме добиено одговор.
Да се потсетиме, Законските одредби за зимска опрема во Македонија, вклучително и зимски гуми, започнува од 15 ноември, а денес е 21 јануари.
Разговаравме со дел од граѓаните кои ги затекнавме на автобуските станици, револтирани и премрзнати, раскажувајќи ни со што се соочиле утрово:
„Дојде едно возило за чистење на снегот, се разврте тука и си замина, ништо не исчисти. Се јавив во ЦУК, ми велат: „Ова е број за итни случаеви, службите се на терен, ќе си ја завршат својата работа.“, Па нели ова е итна ситуација? Заглавени сме и не можеме да излеземе од населбава.“, додавајќи дека оттаму им рекле дека „снегот ги изненади“.
Драчево беше целосно изоставено и неисчистено, покрај колапсот со автобусите, движењето и со автомобили и пеш беше предизвик. Колони и гужви го попречија нормалното циркулирање на сообраќајот во оваа населба.
Поставивме прашање до Општина Кисела Вода, зошто Драчево беше изоставено и дали постои распоред за чистење на населбите по приоритет, но до сега не добивме одговор.
Дополнително, Општина Кисела Вода има склучен договор за одржување на улиците во зимски услуги, во вредност од скоро 3 милиони денари.


Според видеата кои ни пристигнаа, Долно Лисиче е исто така дел од неисчистените населби во Град Скопје, а истото потпаѓа под Општина Аеродром од каде добивме одговор дека уште од рано изутрина биле исчистени сите сообраќајници, вклучително и во Долно Лисиче.
„Уште рано изутрина се чистеа сите главни сообраќајници на територија на Општина Аеродром, вклучително и во Долно Лисиче.“ – стои во одговорот на Општина Аеродром.
Договори за одржување на улици во зимски услови на Општина Аеродром:



Зимското одржување на локални улици и патишта во Општина Бутел изнесува 4.7 милиони денари.

Со проблемот на неисчистен снег, се соочиле и во Општина Свети Николе:
До редакцијата пристигнаа видеа на кои може да се забележи како изгледал Автопатот Е-75 утрово, како и пред патарината кај Петровец, во правец од Скопје кон Велес.

Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје има склучени договори со кои се ангажираат трети лица за зимско одржување на државните патишта во износ од скоро 189 милиони денари.






Додека градоначалникот Ѓорѓиевски и Министерството за транспорт тврдат дека сѐ е под контрола и снегот е исчистен, еве како граѓаните се движат по улиците на Град Скопје:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Патните правци се проодни – во…
Од Центарот за управување со кириз (ЦУК),…
(Фото+Видео) Колку милиони плативме за повторно да…
Снегот не е изненадување во зима –…
(Видео) Несекојдневна глетка: Човек ползи на пешачки…
Утрово снегот кој заврна повторно ги изненади…
Забрана за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека,…
Поради врнежи од снег на патниот правец…
Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување
Снегот не е изненадување во зима -…