Забрана за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Забрана за камиони има и на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонија пат и АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поларен бран со снег го погоди Нов…
Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…
Снег завеа во делови од Балканот
Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…
(Видео) Делови од Бугарија под снег
Делови од Бугарија се разбудија со снег.…
2,5 метри снег наврна на планина во…
Иако календарски веќе започна пролетта, олимписката планина…
Снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…