Франција ги осуди заканите на Трамп кон Иран
Нападите врз иранската цивилна инфраструктура, со кои се заканува американскиот претседател Доналд Трамп би биле кршење на меѓународното право и би довело до ескалација и одмазда, изјави денеска шефот на француската дипломатија Ноел Баро.
– Ако сите се изјаснуваме против напади врз цивилната и енергетската, тоа го правиме првенствено затоа што тие се исклучени според правилата на војната и меѓународното право, а второ затоа што, во случај на војна во Иран, тие несомнено ќе доведат до нова фаза на ескалација и одмазднички мерки, посочи Баро.
Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера се закани со „целосно уништување“ на иранската цивилна инфрастурктура и му даде рок на иранското раководство за постигнување на договор до денеска до 20 часот по локално време (среда, два часот по полноќ по средноевропско време). Ултиматумот на Трамп содржи Техеран итно да ги запре сите воени активности и да ја деблокира на Ормуската Теснина.
Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека светот вечерва ќе биде сведок на еден од најважните моменти во својата историја, кој би можел да значи крај на една цела цивилизација, но и потенцијален почеток на нова ера за Иран.
– Цела една цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. Четириесет и седум години уцена, корупција и смрт конечно ќе завршат. Господ да го благослови големиот народ на Иран!, објави Трамп.
Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека денеска се нападнати транспортната мрежа низ цел Иран, а погодени се железнички мостови и автопатишта.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видеообраќање изјави дека израелската армија нападнала железнички линии и мостови во Иран, бидејќи патна инфраструктура се користи за воени цели од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција ги осуди заканите на Трамп кон…
Нападите врз иранската цивилна инфраструктура, со кои…
Мисајловски: Партнерството со САД ќе продолжи да…
Денес ја предводев првата сесија на Стратешкиот…
Нетанјаху: Израел нападна железнички линии и мостови…
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во денешното…
Заканите кон Иран се зло и лудило…
Најновата и вознемирувачка закака на американскиот претседател…
Беким Сали: Албанските студенти ќе полагаат испит…
Заменик-претседателот на Владата, Беким Сали, реагираше по…