Хаг го продолжи рокот за жалби на пресудата за Тачи и останатите водачи на ОВК

t

Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг вчера го продолжи рокот за поднесување жалби на одбраната и на обвинителството во предметот против поранешните водачи на ОВК, кои во првостепената постапка беа осудени за воени злосторства, објави „Коссев“.

Рокот е продолжен до 27 ноември. Советот делумно го прифатил барањето на одбраната за продолжување на рокот за поднесување жалби на првостепената пресуда. Истиот рок важи и за Специјализираното обвинителство, соопштија од Специјализираните совети.

Апелацискиот совет го утврдил и начинот на учество на жртвите во жалбената постапка. Ќе се применува сличен режим како во првостепената постапка, со соодветни прилагодувања за жалбената фаза.

Во првостепената постапка учествувале 156 жртви. Апелацискиот совет одлучил нивното учество да продолжи и во жалбената постапка според приспособени правила.

Апелацискиот совет го сочинуваат судиите Мишел Пикар, Кај Амбос и Нина Јоргенсен. Нивниот мандат во оваа фаза од постапката е да одлучуваат по барањето на одбраната за продолжување на рокот за најавување жалба, како и по сите поднесоци на странките што се однесуваат на жалбите против првостепената пресуда.

Специјализираните совети во Хаг на 16 септември ги осудија Хашим Тачи и Јакуп Красниќи на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години затвор за воени злосторства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаг го продолжи рокот за жалби на…

Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Гаши: Ставот за пресудата на водачите на…

Претседателот на Собранието Африм Гаши пред медиумите…

САД ги повикаа сите да ја прифатат…

Соединетите Американски Држави соопштија дека ја почитуваат…

Османи и Курти за денот на КБС:…

Косовскaта претседателка, Вјоса Османи, вршителот на должноста…