Објавено на:

Хаг ја истражува смртта на Младиќ

t

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови нареди целосна истрага за околностите под кои почина Ратко Младиќ, додека холандските власти паралелно ги спроведуваат стандардните постапки предвидени при смрт на лице во притвор.

Поранешниот командант на Војската на Република Српска почина вчера додека бил хоспитализиран во Хаг, каде ја издржуваше доживотната затворска казна. Претседателката на Механизмот, судијката Грасиела Гати Сантана, го назначи судијата Иан Бономи да ја води истрагата. Отворањето на постапката е стандардна процедура и само по себе не укажува дека постои сомнение за насилна смрт.

Сепак, веднаш по информацијата за смртта, Милорад Додик излезе со тврдење дека Младиќ практично бил „убиен“ поради, како што рече, несоодветниот третман во Хаг. Додик оцени дека Младиќ можел да живее подолго доколку добивал подобра медицинска грижа, но за таквото тврдење не понуди докази. Слична реакција имаше и Воислав Шешељ.

Документите на Механизмот, меѓутоа, покажуваат дека здравствената состојба на Младиќ била сериозно нарушена уште пред смртта. Неговата одбрана во април побара предвремено или привремено ослободување поради „напредно и неповратно влошување“ на здравјето и проценка дека се приближува кон крајот на животот.

Според документитво медицински извештај од 13 август било наведено дека состојбата брзо му се влошува и дека смртта може да настапи во секој момент. Барањето да биде пуштен и префрлен во Србија било одбиено, а во одлуката било наведено дека му е обезбедена палијативна грижа и постојан медицински надзор.

Механизмот денеска во 10 часот по хашко време ќе одржи и прес-конференција посветена на смртта на Младиќ и на работата на институцијата, по што може да бидат соопштени дополнителни детали.

Младиќ беше осуден на доживотен затвор во 2017 година за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, меѓу кои и геноцидот во Сребреница. Правосилната пресуда беше потврдена во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаг ја истражува смртта на Младиќ

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови нареди…

(Видео) Откриена вистинската причина за посетата на…

На тајната посета на директорот на ЦИА,…

Франција влегува во претседателската трка: Кандидатите се…

Франција полека влегува во предизборната кампања за…

Почнаа колоните на ГП Богородица: Македонците на…

Споениот празничен викенд веќе почна да ги…

Трамп подготвува нови царини: Ќе поскапат чиповите,…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува…