Халкидики воведе забрана за движење поради опасност од пожар, казни од 300 евра
Денес на Халкидики стапи во сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од шумски пожари.
Мерката е во сила од 8 часот наутро до 20 часот навечер и се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на ризик од пожар е во категорија 3, објавува порталот „Теспост“.
Во исто време, се планира отстранување на возила и луѓе пронајдени во подрачјата каде што е во сила забраната.
Прекршувањето на забраната е казниво со парична казна од 300 евра.
Властите апелираат за почитување на мерките со цел да се намали ризикот од избувнување и ширење на шумски пожари во периодот на зголемена опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Халкидики воведе забрана за движење поради опасност…
Денес на Халкидики стапи во сила забрана…
Русија не се согласува со замрзнување на…
Русија ја отфрла можноста за замрзнување на…
Шведска се подготвува за најлошото: Порачаа колку…
Шведската централна банка, Риксбанкен, препорача граѓаните да…
ВМРО-ДПМНЕ: „На СДС и Филипче им смета…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на критиките од…
Мицкоски за 25 години од Љуботенски Бачила:…
Премиерот Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук…