ВМРО-ДПМНЕ: „На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше“
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на критиките од СДСМ за визуелните елементи на спектаклот „Силно светнал ден“.
Од владејачката партија велат дека станува збор за уметничка инсталација во која повеќекрако сонце визуелно се претопува во македонското државно знаме со осум зраци.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче намерно го оцрнуваат настанот, иако, како што наведуваат, тој бил позитивно прифатен од граѓаните.
„На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на политиките на претходните влади во однос на државните симболи и други прашања поврзани со државноста.
Од партијата упатуваат низа обвинувања кон СДСМ, меѓу кои и за уставните промени и политиките поврзани со историските и националните прашања.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека манифестацијата „Силно светнал ден“, организирана по повод 35 години независност, ја обединила државата и била позитивно прифатена од граѓаните.
Од партијата додаваат дека, според нив, критиките од СДСМ се обид за оцрнување на проектот и порачаа дека власта ќе продолжи со активности за, како што наведуваат, враќање на достоинството и напредокот на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катастрофата во Непал е предупредување и за…
Катастрофалната поплава во Непал го отвори прашањето…
Кина го ревидира законот за одбранбена мобилизација…
Врховниот законодавен дом на Кина во петокот…
(Фото) Македонија со четири финалисти на 31-от…
Македонските кикбоксери имаа и повеќе од успешен…
Русија планира операција во северна Украина, вклучително…
Военото раководство на Русија доби задача да…
„Ќе платат за ова“: Германија подготвува остар…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се подготвува директно…