Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска слетал во Белград, наводно носел мистериозен куфер

t

Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го привлече вниманието во Србија, откако беше откриено дека полетал од Приштина и слетал кај Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, пишува „Директно“.

Како што неофицијално дознава порталот, во хеликоптерот, чијшто лет е забележан од сервисот „Флајтрадар24“, биле неколкумина припадници на американските разузнавачки служби.

Според неофицијални информации, по слетувањето во близина на Военомедицинската академија, патниците го напуштиле хеликоптерот, од кој наводно бил изнесен и мистериозен куфер, чија содржина не е позната. Хеликоптерот потоа, според информациите кои ги објавија медиумите, продолжил кон воениот аеродром во Батајница кај Белград.

„Директно“ пишува дека хеликоптерот слетал во Белград во интересен момент, имајќи ги предвид политичките промени во Србија, но и информациите за можно интензивирање на соработката меѓу американските и српските служби во борбата против организираниот криминал.

Во последните денови сè почесто се појавуваат информации за закани, уцени и обиди за изнудување пари од граѓани и стопанственици во Србија, зад кои наводно стојат припадници на криминални структури од регионот.

Засега не е јасно дали денешното доаѓање има врска со тие случаи или станува збор за сосема поинаков вид соработка? Српските власти официјално не соопштија детали за летот, за идентитетот на патниците, содржината на куферот, ниту за причината за нивното доаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…

Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…

Полска бара акција од НАТО: „Соборете ги…

Полска им предложи на сојузниците на НАТО…

„ВЕЌЕ НЕМАМЕ ПАРИ ЗА СЕ“, остро порача…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес во…

„КООРДИНАЦИЈА НУЛА“: „Ниту една повеќе“ им даде…

Со остри критики кон институциите и барања…

(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција…

На денешниот протест против насилството врз жените,…