ХОРОР: 15-годишник допирал 11-годишно девојче – со закани ја принудил и да му испрати нејзини експлицитни фотографии!

t

Сериозен случај на вознемирување на малолетно девојче е пријавен во Делчево. Според пријавата, 15-годишник од градот несоодветно ја допирал 11-годишната ќерка на 31-годишна жена од делчевскиот регион без нејзина согласност, а потоа со закани ја принудил да му испрати фотографии со експлицитна содржина.

Случајот во полицијата го пријавила мајката на девојчето вчера, во 12:45 часот, во Одделението за внатрешни работи Делчево.

За настанот веднаш биле известени надлежниот јавен обвинител и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Делчево, кои се вклучени во постапувањето по случајот.

Од полицијата информираат дека се преземаат активности за целосно документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава против осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: 15-годишник допирал 11-годишно девојче – со…

Сериозен случај на вознемирување на малолетно девојче…

Прегазени двајца велосипедисти

Двајца велосипедисти се здобија со тешки телесни…

Трактор сам се придвижи на бензинска во…

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Влегол во стан и се обидел да…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…