ХОРОР ВО ЛИПКОВО! НАЈМАЛКУ 17 ЛУЃЕ СО МЕСЕЦИ СЕ ИЗЖИВУВАЛЕ СО 16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ!
Голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала и уценувала со интимни видеоматеријали 16-годишноо девојче од село во Општина Липково, објави „Алсат“.
Според информации на телевизијата од извори во полицијата, за случајот се дознало во неформални околности, а засега е уапсен само еден од осомничените насилници, кои за пари и сексуални услуги се изживувале со девојчето.
„На 2 јануари, полицијата во Куманово го уапси 31-годишникот со иницијали Н.А. од село Слупчане, Општина Липково. Сомнежите за неговото апсење се базираат на заканите што тој ги упатил на малолетно девојче, дека додека не му даде пари, ќе објави експлицитни фотографии“, велат од МВР.
Најмалку 17 луѓе се осомничени, а страдањата на девојчето, според пријавеното, траеле од јуни лани. Пријавата, според неофицијални информации, ја поднел таткото на девојчето. За кривичните дела злоупотреба или условување за пари или сексуални услуги е предвидена казна затвор до десет години, а кога делото е извршено од група, се изрекуваат повисоки казни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО ЛИПКОВО! НАЈМАЛКУ 17 ЛУЃЕ СО…
Голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала…
Во Липково пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства
Во продажен објект во Липковско пронајдени 1233…
ХОРОР: Британец е обвинет дека ја дрогирал…
Сопруг и пет други мажи се обвинети…
Хорор во Прилеп: Ја претепал и на…
Тежок инцидент ја вознемири јавноста во Прилеп.…
Притвор за 56-годишник од Битола осомничен за…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…