Хорор во Свети Николе: Бремена девојка нападната и држена заклучена 15 часа – еве во каква состојба ја пронашле!
Основното јавно обвинителство во Свети Николе експресно презеде дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишно лице за кривични дела нанесување телесна повреда при семејно насилство и противправно лишување од слобода, казниви според член 130 став 2 во врска со став 1 и член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинението, на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, обвинетиот при вршење семејно насилство ја ограничил слободата на движење и физички ја нападнал својата бремена девојка, со која живеел во семејна заедница.
Како што информира Обвинителството, тој најпрво ја навредувал, а потоа физички ја нападнал. По нанесените удари, девојката изгубила свест, по што обвинетиот ја однел во бањата и ја освестил со ладна вода. Насилството продолжило, при што повторно и биле нанесени повеќе удари по главата и телото.
Оштетената се здобила со повеќе телесни повреди. Кога се обидела да избега, обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел околу 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Во тек се дополнителни проверки за евентуални други злоупотреби од истото лице кон оштетената, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во Свети Николе: Бремена девојка нападната…
Основното јавно обвинителство во Свети Николе експресно…
(Видео) Бугаринот Криско со моќна порака по…
Вчерашната вечер во Струмица помина во знакот…
(Видео) Тепачка на натпреварот Вардар-Башкими
Фудбалерите на Вардар запишаа минимална, но значајна…
Доколку фирмата што ги ангажирала за работа…
– Лицата кои работеле во странство нема…
Фицо се закани: Ќе ја сопреме струјата…
Словачкиот премиер Роберт Фицо се закани денеска…