(Видео) Бугаринот Криско со моќна порака по настапот во Струмица: Меѓу нас може и треба да има само пријателство
Вчерашната вечер во Струмица помина во знакот на силна енергија, позитивна атмосфера и илјадници фанови кои пееја во еден глас со бугарската рап ѕвезда Криско. Концертот уште еднаш потврди дека музиката успешно ги поврзува луѓето од регионот. Настапот се одржа пред преполна публика, која уште од првите тактови го поздрави артистот со громогласен аплауз.
Криско изведе дел од своите најголеми хитови, а атмосферата кулминираше со заедничко пеење и еуфорични реакции од публиката. По концертот, изведувачот испрати силна порака на социјалните мрежи, нагласувајќи ја важноста на пријателството меѓу народите.
„Синоќа во Македонија, Струмица повторно покажавме дека меѓу нас може и треба да има само пријателство! Струмица, ти благодарам за љубовта,“ напиша тој. Фановите во Струмица возвратија со бројни позитивни коментари, истакнувајќи дека настапот бил „незаборавен“ и дека енергијата на сцената била на највисоко ниво. Многумина побараа Криско повторно да се врати со нов концерт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарите во Европа ќе се зголемат за…
Површината на опожарени подрачја во Европа до…
Во Албанија почнаа активности за референдум за…
Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија денеска…
Кривична против две лице и фирма: Незаконски…
Две лица и правно лице од струшко…
94 функционери казнети со по 300 евра…
Државната комисија за спречување на корупцијата на…
Португалија забрани носење бурка на јавни места,…
Португалија донесе закон со кој се забранува…