Хорор во Шутка – Куче искасало едногодишно дете

t

Дете на возраст од година ипол било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители, пренесува РомаПрес.

Според сведоштвото на семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното, според нивното сведоштво, се нафрлило врз детето.

При нападот, детето се здобило со повеќе каснувања и повреди по телото, меѓу кои и во пределот на лицето, увото и трупот. Веднаш било пренесено во здравствена установа, каде што му била укажана медицинска помош.

Според медицинската документација, случајот е евидентиран како каснување од куче. На детето му била дадена вакцина против беснило, а лекарите препорачале продолжување на предвидените дози и примање антирабичен серум согласно медицинската проценка.

Случајот бил пријавен во полиција, а семејството ангажирало и адвокат.

Родителите посочуваат дека располагаат со медицинска документација која потврдува дека детето било третирано поради повреди предизвикани од каснување од куче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Шутка – Куче искасало едногодишно…

Дете на возраст од година ипол било…

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4…

Девизните резерви на крајот на јули годинава…

34 години од усвојувањето на првото државно…

Со одлука на Собранието на Република Македонија,…

„За две години пензионерите добија линеарно зголемување…

„ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата…

Детали за смртта на Србинот на Халкидики:…

Одморот што требаше да биде спомен за…