Објавено на:

Црвен метео-аларм во Србија – земјата под удар на силен студен бран

t

Во Србија денеска е на сила црвен метео-аларм поради силен студен бран што ја зафати земјата.

Се очекува судирот на топол и ладен воздух над земјата ќе донесе обилни врнежи и изразени температурни разлики. Додека на југот ќе има дожд и повисоки температури, северно од Крагуевац се очекуваат снег и суснежица.

„Покрај дожд и снег, денеска е можна и голомразица која е особено опасна. Освен заледени коловози, постои ризик од создавање мраз на кабли и далекуводи, што може да предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија“, предупредија метеоролозите.

Поради овие услови, надлежните воведоа највисок степен на предупредување, со оглед дека временските појави можат директно да ја загрозат безбедноста на луѓето. Во поголемиот дел од земјата се очекуваат снег, суснежица и ледена дожд, додека на југот ќе остане релативно топло, со слаб дожд.

Температурите денеска ќе се движат од околу -1 степен на северот до 12 степени на крајниот југ. Ќе дува северен и северозападен ветер, а на југот засилен и топол југозападен ветер.

Со понатамошното навлегување на ладниот воздух, од утре заладувањето ќе ја зафати целата земја. Температурите ќе се движат околу нулата во текот на денот, што ќе овозможи формирање снежна покривка во поголемиот дел од Србија.

Од среда се најавува уште поизразен студ, со ноќни и утрински температури до -7 степени, а дневни околу -2 степени. Божиќ се очекува да осамне со снег и температури под просекот, додека кон крајот на неделата метеоролошките модели најавуваат разведрување и благ пораст на дневните температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвен метео-аларм во Србија – земјата под…

Во Србија денеска е на сила црвен метео-аларм поради…

Македонски автобус излетал од автопат во Србија

Српските медиуми јавуваат дека автобус со македонски…

Се очекуваат многу опасни услови за возење…

Српскиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека…

Вучиќ: Меѓународното право е срушено – Србија…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на…

Патнички автобус во Србија се превртел и…

Патничкиот автобус излетал од патот во Нова…