Се очекуваат многу опасни услови за возење во делови од Србија, се испаќаат СМС пораки до граѓаните
Српскиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека е активиран системот за испраќање СМС информации за итни случаи до граѓаните поради леден дожд што се очекува од 5 до 7 јануари во Срем, Белград, Јужен Банат, Поморавље, источна, западна и делови од југозападна Србија
Во итното предупредување, наведено е дека се очекуваат многу опасни услови за возење во наведените подрачја и ги советуваат граѓаните да не тргнуваат на пат без поголема потреба како и да се подготват за можни прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Според податоците на РХМЗ, во Белград паѓа снег, а паѓа и во Нови Сад, Зрењанин, Сремска Митровица и Ваљево. Се очекува формирање или зголемување на снежната покривка да биде од 10 до 20 сантиметри, а локално и повеќе. Градскиот превоз во Белград се одвива со големи проблеми.
ЈП „Патишта на Србија“ апелира до сите учесници во сообраќајот да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема освен ако е апсолутно неопходно, а доколку тргнат на пат да бидат особено внимателни поради лоши временски услови, да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го прилагодат своето возење на условите на патот. Засега автопатиштата и сите државни патишта од прв и втор ред, како и приодите кон граничните премини и планинските центри се проодни за сообраќај.
Авиокомпанијата Ер Србија објави на социјалните мрежи дека снежните врнежи може да имаат влијание врз авиосообраќајот и дека нивните служби прават се за да ја зачуваат редовноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…