ЦУК: Паднато дрво оштети три возила и го попречи сообраќајот во Кисела Вода
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот, преку единствениот број за итни повици 112, добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“.
Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот на наведената локација.
– Според првичните информации дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За настанатата состојба известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Од МВР треба да направат увид на местото на настанот а екипа од ЈП Паркови и зеленило треба да го отстрани дрвото од коловозот, стои во соопштението на ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Паднато дрво оштети три возила и…
Од Центарот за управување со кризи информираат…
Дали швајцарскиот франк е сигурно засолниште за…
Вредностите на доларот и јенот тонат, а…
Летонскиот претседател Ринкевич: И ветувавме толку многу…
Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич на Минхенската безбедносна…
(Видео) Бркотници со полицијата на протестот во…
Низ цела цела Србија вечерва се одржуваат…
Сите му предвидуваа банкрот – директорот ја…
Пред повеќе од десет години, извршниот директор…