Објавено на:

Дали швајцарскиот франк е сигурно засолниште за капиталот?

t

Вредностите на доларот и јенот тонат, а швајцарскиот франк станува ново засолниште.

Кога ќе ги прашате инвеститорите кои валути се безбедно засолниште во време на геополитички и економски превирања, најчестите одговори ќе бидат американскиот долар, швајцарскиот франк и јапонскиот јен. Историски гледано, се очекуваше овие валути да ја задржат својата вредност во периоди на криза. Сепак, во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година, ситуацијата значително се промени. Американскиот долар и јапонскиот јен забележаа остри падови, додека швајцарскиот франк зајакна, но ова зајакнување носи нови предизвици за швајцарската економија, пишува Блиц.
Политичката стабилност на Швајцарија, нискиот јавен долг и силната извозна економија го направија франкот привлечно засолниште за капиталот. Сепак, прекумерното зајакнување на валутата создава сериозен предизвик за швајцарската економија. Инфлацијата во Швајцарија е само 0,1 процент, додека референтната каматна стапка на Швајцарската национална банка е на нула. Зајакнувањето на франкот дополнително ги зголемува дефлациски притисоци и ја отежнува позицијата на извозниците.

Претседателот на Швајцарската национална банка, Мартин Шлегел, изјави дека банката е подготвена да интервенира на девизниот пазар доколку е потребно. Сепак, аналитичарите на UBS проценуваат дека масовната интервенција во моментов е малку веројатна. Стратегот на финансиската куќа Ebury, Метју Рајан, процени дека доларот и јенот изгубиле дел од својата репутација како безбедни валути, додека швајцарскиот франк ја консолидирал својата позиција како најпосакувано безбедно засолниште.

Сличен став изрази и аналитичарот на јапонската банка MUFG Ли Хардман, кој истакна дека франкот се покажа како најстабилна валута меѓу развиените економии на долг рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…