Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар, уапсени се шестмина
Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар во Велес, а по хаосот кој настанал, во кој летале чаши и шишиња, уапсени се шестемина тепачи, соопшти полицијата.
„На 13.07.2026 во периодот од 23:30 до 23:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода П.М.(39) од село Смиловци, општина Чашка, А.Ј.(39), А.В.(39), Б.Ѓ.(39), Б.М.(38) и Д.М.(39), сите од Велес, затоа што во угостителски објект во Велес, по кратка вербална расправија помеѓу А.Ј. и А.В., настанала физичка пресметка помеѓу А.Ј. и П.М. од една страна и А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. од друга страна, при што биле употребени и стаклени предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…
Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…
Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…
Вработен во маркет си го натепал колегата
На 16.05.2026 во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од…
МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…
Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…
Две малолетнички се тепале на улица во…
ОВР Струга вчера во 18:00 часот е…