Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.
-Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам. Големиот празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов, се вели во честитката од Сиљановска-Давкова.
Енергијата и топлината на светиот месец, се додава, не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница.
-Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина. Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии. Бајрам Шериф Мубарек Олсун. Благословен и честит нека е празникот Рамазан Бајрам, се потенцира во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански…
МОН со честитка за 21 Февруари –…
„Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој…
Почна Рамазанскиот пост за верниците од исламска…
Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го…
Филипче со новогодишна честитка: 2026 да биде…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати новогодишна…
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…