Честитка од Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.
„Почитувани сограѓани Роми,
Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.
Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа.
Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ромскиот идентитет и заслужуваат должна почит.
Нашата заедничка македонска држава, формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, во регионални и европски рамки. Но, реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции.
Осми април е вистинскиот ден за мерење и преиспитување на квалитетот на животот на нашите сограѓани Роми, во сите области и на сите нивоа.
Еднаш мора да ни стане јасно дека не е доволно да се повикуваме на Шуто Оризари, туку да обезбедиме пристоен живот на Ромите, каде и да се.
Крајно време е да сфатиме дека ромската заедница е најранливата и најмаргинилизираната категорија граѓани, а како таква, заслужува најголемо општествено внимание и заштита.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…
Раст на деловната активност во Еврозоната во…
Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…
Просечната нето плата во април изнесува 39.134…
Просечната нето плата во април изнесува 36.134…