Четворица Турци и двајца Узбекистанци во Чаир изработувале фалсификувани дозволи за престој и други службени документи

t

При претрес во Скопје лишени се од слобода турци и узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи.

Како што информираат од МВР, ноќеска (21.10.2025) во 01.30 часот, полициски службеници Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на А.З. во кој престојува на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, а во кој се затекнати останатите пет лица без дозволи за престој, пронајдени и одземени се повеќе дозволи за престој на име на други лица, пари во различни валути и апоени, печати од приватни фирми и државни институции за кои постои дека се фалсификувани, лап топ компјутери, турски патни исправи на име на други лица и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Од МВР информираат дека лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица Турци и двајца Узбекистанци во Чаир…

При претрес во Скопје лишени се од…

Напаѓачот на Фицо осуден на 21 година…

Судот во Словачка го прогласи Јурај Цинтула,…

Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ загуби 140.000 гласа – најбрзиот…

Кога ги објавив овие бројки во првата…

Сијарто остро кон ЕУ: После ова, никој…

Унгарија ќе ги искористи сите политички и…

Вучиќ во Будимпешта по средбата со Орбан:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им изјави…