Чудно – Приведен кавадарчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Приведен кавадарчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
На 11.08.2025 во 05:35 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.П.(43) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На ГП Табановце откриена акцизна роба, алкохол…
Денска од страна на инспектори од Одделот…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…
Лишен од слобода возач кој „дувнал“ 1,51…
На 18.05.2025 во 01.10 часот на улица…
Двајца осомничени за напад на полицајци во…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…