Шверцал мигранти, па со возилото излетал од патот Богданци – Гевгелија
На 12.04.2026 полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 43-годишниот И.Д. од Гевгелија поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 11.04.2026 во 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, поточно на местото „Шарен мост“, патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д. излетало надвор од патот.
По несреќата, возачот побегнал од местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден. На местото на несреќата биле пронајдени повредени шест лица мигранти од Египет, од кои едно со тешки телесни повреди, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а останатите пет мигранти и И.Д. се здобиле со телесни повреди.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверцал мигранти, па со возилото излетал од…
На 12.04.2026 полициски службеници од СВР Струмица…
ЕУ сака да отвори центри за депортација…
Германија и група истомислечки држави се уверени…
Дојче Веле: Европа размислува за испраќање мигранти…
Западноевропските земји сè почесто разгледуваат можност за…
Фатено лице што криумчарело мигранти од Египет
На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот…
Турчин пренесувал мигранти од Египет преку Македонија
На 10.03.2026 во 22:30 часот на место…