Фатено лице што криумчарело мигранти од Египет

t

На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, Б.Е. е лишен од слобода, а по пребарување на теренот биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се пренесени Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет земји од ЕУ преговараат за центри…

Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…

Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…

Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…

Санчез ги обвини Русија и Израел за…

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…

Десет турски државјани се обиделе нелегално да…

Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници…

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…

Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…