Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 1 е под контрола, а 4 се изгаснати.
Активни пожари – 6:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума;
Општина Гостивар – с. Трново, мешана шума;
Општина Чашка – над с. Нежилово, смреки;
Општина Пробиштип – с. Дренак, ниска вегетација;
Општина Градско – с. Долно Чичево, стрниште и ниска вегетација;
Општина Кичево – с. Зајас, стрниште.
Пожар под контрола – 1:
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума.
Изгаснати пожари – 4:
Општина Сарај – с. Чајлане, ѓубре;
Општина Гостивар – с. Турчане, ѓубре;
Општина Куманово – с. Пчиња, стрниште;
Општина Берово – с. Митрашинци, ниска вегетација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…