Шест крави од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест крави кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена, објави Бугарското национално радио.
Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест крави се дел оние гопведа шетаат слободно во областа Кна Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските надлежни власти уште не можат да го решат проблемот.
Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство.
Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.
Пред повеќе години, кравата Пенка ги прекрши граничните ограничувања влегувајќи од Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци. Според европските прописи, по влегувањето од земја надвор од ЕУ, таа морала да биде убиена.
Тоа стана меѓународен проблем – на крајот, кравата била поштедена, а нејзиниот сопственик од селото Копиловци со години се грижел за неа во своето стадо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест крави од Крива Паланка залутале во…
Бугарските институциите одлучуваат што да прават со…
„Волстрит џурнал“: Арагчи и Калибаф привремено тргнати…
САД и Израел привремено ги тргнале од…
Бугарија привремено укина некои санкции кон Русија…
Владата на Бугарија денеска соопшти дека привремено…
Се бара притвор за кумановец кој со…
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка…
Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста…
Лондон и Париз неделава ќе имаат состанок…