Шест крави од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест крави кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена, објави Бугарското национално радио.
Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест крави се дел оние гопведа шетаат слободно во областа Кна Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските надлежни власти уште не можат да го решат проблемот.
Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство.
Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.
Пред повеќе години, кравата Пенка ги прекрши граничните ограничувања влегувајќи од Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци. Според европските прописи, по влегувањето од земја надвор од ЕУ, таа морала да биде убиена.
Тоа стана меѓународен проблем – на крајот, кравата била поштедена, а нејзиниот сопственик од селото Копиловци со години се грижел за неа во своето стадо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…
Вишиот суд во Белград потврди дека ги…
По историскиот одзив на арапските гласачи, Џабарен…
Израел се наоѓа пред историска можност да…
(Видео) Голем пожар во рафинерија во Индија:…
Голем пожар избувна вечерва, 2 ноември, во…
Русија се повлекува од Конвенцијата против тортура
Русија официјално се повлече од Европската конвенција…
Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…