Шефот на армијата на Уганда има 14% грчки гени: Отсекогаш верував дека имам врска со Александар Велики
Началникот на вооружените сили на Уганда, Мухузи Каинеругаба, оваа недела објави дека ДНК-тест покажал оти 14 проценти од неговите гени се совпаќаат со генетскиот профил на Грците, објави „Грик рипортер“. Тој на „Икс“ напиша дека отсекогаш верувал оти е поврзан со Александар Велики.
Каинеругаба му е син на претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, кој и го назначи на највисоката функција во одбраната на државата, Началник на одбраната. Резултатите од ДНК-тестот тој ги сподели во серија објави на „Икс“. Тестот покажал и дека неговото потекло е 19% сомалиско и 7% англиско, додека остатокот од генетската структура, како што вели, е „државна тајна“.
Објавите привлекоа големо внимание на интернет. Дел од медиумите го нарекоа „генералот што твита“, поради неговата честа и понекогаш контроверзна активност на социјалните мрежи. Во последните години тој сè поотворено коментира политички и општествени прашања.
„Неодамна си го проверив ДНК-то. Изгледа дека сум 14% Грк? Секогаш знаев дека сум поврзан со Александар Велики. Ќе ја посетам Грција и се надевам дека нема да ми бараат виза“, рече Каинеругаба во последната објава.
Пред две недели, тој побара една милијарда долари од Турција, како и најубавата жена во земјата да му биде дадена за сопруга. Се закани дека Уганда ќе ги прекине дипломатските односи ако тие барања не бидат исполнети.
Во понови објави, рече дека веќе се оженил со пет турски жени. Исто така предупреди дека следниот пат кога Турција ќе му се закани нему или на Уганда, ќе следи сериозен конфликт.
Каинеругаба се осврна и на имиграцијата, велејќи дека повеќето луѓе во Уганда имаат сличен генетски профил. Тој најави и намера да се кандидира за претседател на изборите годинава. Во 2022 година, 52-годишниот син на актуелниот претседател беше отстранет од друга воена функција, откако на „Икс“ објави дека може да го заземе главниот град на Кенија, Најроби, за помалку од две недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на армијата на Уганда има 14%…
Началникот на вооружените сили на Уганда, Мухузи…
ЗНАМ: Одлуката на Цеков не е изненадување,…
Од политичката партија ЗНАМ попладнево реагираа по…
Хамнеи: Персискиот Залив ќе има „светла иднина“…
Персискиот Залив ќе има „светла иднина“ без…
Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…
„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги…
Министерството за транспорт соопшти дека во однос…