Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х, по веста дека пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник, порача дека тендер-коалицијата на ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа.
Во продолжение е целосната објава на Филипче:
“Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа! Пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник. Добро е што внатре во ВМРО-ЗНАМ се наоѓаат луѓе кои ја гледаат вистината – дека оваа власт е чиста криминална организација која ја уништува државата. На сите кои сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија – вратата на СДСМ е отворена за соработка. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!”, напиша Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…
Трамп објави нова мапа на Truth social:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…
Инфлацијата во август е 2,6%
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
ЗНМ укажува на потребата од професионален однос…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…
Финска заврши со поставување ограда на границата…
Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…