Шилегов: Постапката за „Пулс“ ќе трае најмалку 5 години

t

„За ова е свесен и судот, свесно е и обвинителството. Не знам колку јавноста е свесна, а и родителите треба да знаат – за жал, оваа постапка ќе трае најмалку пет години. Во најдобар случај, првата фаза ќе трае толку“, изјави адвокатот Петре Шилегов во судницата, осврнувајќи се на динамиката и сложеноста на процесот за трагедијата во „Пулс“.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска влезе во нова фаза со изведување материјални докази, по завршувањето на најголемиот дел од сведочењата предложени од Обвинителството.

На денешното рочиште беа презентирани повеќе од 60 обдукциски извештаи, според кои најголемиот дел од жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, односно од густ чад што брзо го исполнил просторот. Дел од жртвите, според наодите, починале и од компресија на градниот кош, што упатува на стампедо при обидот за евакуација.

Покрај обдукциските наоди, одбраната на дел од обвинетите повторно побара укинување или замена на мерката притвор со поблаги мерки, повикувајќи се на здравствени причини. Од Обвинителството, пак, најавија дека во наредниот период ќе продолжат со изведување на преостанатите материјални докази, како и со ангажирање вешти лица за појаснување на утврдените наоди.

Оттаму посочуваат дека остануваат уште мал број сведоци кои евентуално би можеле да бидат сослушани, но нивното присуство е неизвесно. Поради тоа, постои можност нивните претходни изјави да бидат прочитани во судницата, со што доказната постапка сè повеќе се насочува кон писмени и материјални докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шилегов: Постапката за „Пулс“ ќе трае најмалку…

„За ова е свесен и судот, свесно…

„Не ја турнал од балконот, но ја…

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара…

Еден час пред почетокот, одложено судењето против…

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

Обвинителството не може да си ги обезбеди…

Само една девојка, преживеана во кочанската трагедија,…

Ние веќе бевме внатре кога ја местеа…

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани…