Објавено на:

Шпанија и Белгија ја поддржаа Мелони по изјавите на Трамп: „Доста е, оставете ја на мир“

t

Шпанија и Белгија јавно застанаа во одбрана на италијанската премиерка Џорџа Мелони откако американскиот претседател Доналд Трамп изнесе тврдења за нивна средба на неодамнешниот самит на Групата седум најразвиени индустриски земји (Г7). Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен порача дека навредите и нападите кои доаѓаат од Белата куќа мора да престанат бидејќи не носат ништо добро и само создаваат поделби меѓу западните сојузници.

„Треба да ја остават Мелони на мир. Доста е“, изјави Франкен.

Поддршка за италијанската премиерка изрази и шпанскиот премиер Педро Санчез по самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел. Тој рече дека има целосна солидарност со Мелони и оцени дека станува збор за напад кој тешко може да се опише како политички или личен. Полемиката започна откако Трамп изјави дека Мелони наводно го молела да се фотографира со неа за време на самитот на Г7.

„Ме молеше да се фотографирам со неа. Толку многу сакаше фотографија со мене. Не би го направил тоа, но ми беше жал“, изјавил Трамп, според италијанската телевизија Ла7.

Италијанската премиерка остро ги демантираше овие наводи. Во видео објавено на социјалните мрежи, таа порача дека зборовите на Трамп се целосно невистинити.

„Изјавите на Доналд Трамп се целосно измислени. Искрено сум вчудоневидена. Јас и Италија никогаш не молиме“, изјави Џорџа Мелони.

Случајот предизвика силни реакции во европските политички кругови и повторно ги отвори прашањата за односите меѓу САД и нивните европски сојузници, особено во време кога Европската Унија и Вашингтон се соочуваат со бројни геополитички предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија и Белгија ја поддржаа Мелони по…

Шпанија и Белгија јавно застанаа во одбрана…

Мицкоски: Казните за нефер трговски практики ќе…

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова средба со…

СДСМ: Економски колапс, тешка политичка изолација и…

Економски колапс, тешка политичка изолација и континуирано…

Железницата запира: Десет дена без возови кон…

Патниците што ги користат железничките линии кон…

Петмина повредени во сообраќајка на три возила…

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа…