Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои функционираат веќе втора година, по големиот пожар на планината Серта деновиве очекуваат да им пристигне донација од Америка. Димитар Ташков командир на ДПД-Штип вели дека донацијата ја обезбедиле самите и се состои од заштитна опрема.
-Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната недела. Веќе е на царина. Пристигнат е контејнерот со опрема и се надеваме дека наредната недела ќе ја преземеме. Треба да добиеме од 60-80 униформи со боци, шлемови, со чизми за оган –вели Ташков.
Доброволците пожарникари изминатите два дена при гаснењето на пожарите над населбата Кадидаре и во викенд населбата Кумлак беа рамо до рамо со пожарникарите од ТППЕ-Штип. Поради непристапниот терион нивните теренски возила беа користени за брзо да се пристигне до местата каде што е огнената стихија. Ташков вели дека ДПД-Штип веќе има над 30 членови и секој граѓанин кој има интерес да стане нивен член слободно може да се приклучи.
-Секој што сака да помогне во гаснење на пожари, за доброто на нашиот град, е добредојден во друштвото. Вратите се отворени за секој што има желба-рече Ташков.
Инаку поголемиот дел од членовите на ДПД се и членови на оф роуд друштвото, кое низ години им има помагано на пожарникарите при интервенции во планински предели и на непристапни терени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема…
Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои…
ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без…
Европската комесарка Марта Кос најави можност новите…
Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата…
Сопствениците на дискотеката „Пулс“ се откажале од…
Трамп го испраќа Венс во Швајцарија на…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила,…
Мојот став е ист како оној на…