Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот
Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме што го инспирирало ова лице да го направи тоа што го направи, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во гостување во централниот дневник на АЛСАТ-М.
15. јуни 2026. @ 19:53
2 мин. читање
Сподели
Facebook
Twitter
Email
Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот
Влада на РМ
Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме што го инспирирало ова лице да го направи тоа што го направи, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во гостување во централниот дневник на АЛСАТ-М.
На прашањето дали има информација дали е изолиран случај, Мицкоски посочи дека тој би се воздржал од дополнителни коментари, како и дека лицето го признало делото, а официјалните лица вршат распит со него и очекува повеќе информации од распитот за кој рече дека ќе даде одговор на многу прашања.
Во однос на тоа дали имал комуникација со бугарските институции за инцидентот, Мицкоски рече:
„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација, ме информираше министерот дека разговарал со неговата колешка. Така што, од наша страна ставот е јасен и на МНР, силно го осудуваме, лицето го обезбедивме за помалку од 3 часа и како институции уште една покажавме дека функционираме беспрекорно. Така што да видиме кои се мотивите за овој кривично-правен настан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…