Ѓорѓиевски бара постапување: Кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно

t

Утрово нѐ затекна веста за кобила која се ождреби на улица во Скопје. Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. Но, кога тоа се случува на асфалт, во несоодветни услови и изложено на опасност, тоа е сериозен повик за одговорност, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Веднаш реагираа екипите на ЗОО – Скопје и стручните лица, иако тоа не е наша обврска. Благодарност со службите на ЗОО – Скопје што веднаш постапија и покажаа вистинска грижа со дела, но ова наше постапување не го решава системски проблемот! Не смееме да се навикнеме на сликите на напуштени и есклоатирани животни по скопските улици! Кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман. Но, со нивното згрижување не завршува обврската, рече градоначалникот.

Тој ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и МЗШВ итно да пристапат кон заедничка, координирана акција, секој во рамките на своите надлежности.

-Потребни се конкретни мерки, како заштита и соодветно згрижување на животните, одговорност за нивната експлоатација и злоупотреба. Иако не сме надлежни, Град Скопје го ставам на располагање со сите расположливи капацитети за да помогнеме во оваа акција. Очекувам итен одговор и конкретно постапување. Доколку тоа изостане, ќе ја преземеме иницијативата и ќе ги искористиме сите механизми во рамките на нашите надлежности. Нема да дозволам ова да остане само уште една вест што ќе се заборави до утре! Скопје мора да биде безбеден, уреден и хуман град. Метропола во која институциите постапуваат, а неодговорноста има последици, рече Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски бара постапување: Кобилата и ждребето се…

Утрово нѐ затекна веста за кобила која…

Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…

Иран соопшти дека нема да ја отвори…

Иран нема да ја отвори Ормуската теснина…

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат…

Поддршката за десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD)…