Ѓорѓиевски: ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред летниот ризичен период

t

На редовната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени и повеќе одлуки насочени кон унапредување на локалната самоуправа и подобрување на услугите за граѓаните.

Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, кој има за цел да обезбеди побрза, поефикасна и подобро координирана реакција меѓу единиците на локалната самоуправа во случај на пожари во летниот период, во соработка со централните институции.

„Безбедноста на граѓаните, заштитата на имотот и навремената реакција мора да бидат наш заеднички приоритет“, се наведува во ставот на Ѓорѓиевски, при што се истакнува дека преку ЗЕЛС се зајакнува меѓуопштинската соработка и се гради систем кој ќе може координирано и ефикасно да одговори во кризна ситуација.

На седницата присуствувал и новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, со кого била отворена тема за можностите за формирање локални енергетски претпријатија.

Како што беше истакнато, ваквиот модел би придонел кон поголема енергетска независност на општините, преку користење на електрична енергија произведена од соларни панели и нејзино пласирање на пазарот, со што би се обезбедиле дополнителни приходи за локални проекти и подобрување на услугите за граѓаните.

Од ЗЕЛС порачуваат дека остануваат силен партнер на општините и платформа преку која се носат решенија за поголема стабилност, подобра координација и поефикасно функционирање на локалната самоуправа.

Целта, како што се истакнува, е создавање посилни општини, поефикасни институции и подобар квалитет на живот за граѓаните низ целата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред…

На редовната седница на Управниот одбор на…

ЕВТИНА СТРУЈА ОД ДВА НА ПЕТ ЧАСА?…

Идејата за анализата за блок тарифите е…

Светот се бори за бакар, Македонија има…

Падот на индустриското производство и намалувањето на…

ВМРО-ДПМНЕ се однесува како „обвинител од Тему“:…

ДУИ ја информирала целата локална и меѓународна…

За 24 часа полицијата интервенирала во 7…

МВР информира дека во последното деноноќие уапсени…