ВМРО-ДПМНЕ се однесува како „обвинител од Тему“: Ахмети се пожалил кај странците за случајот со мазутот

t

ДУИ ја информирала целата локална и меѓународна јавност, амбасадите и организациите за како што вели, политичкиот притисок на власта врз Обвинителството што ја запре истрагата за злоупотреби со мазутот.

Од ДУИ најмногу реагираат на изјавите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој обвинуваше за сериозни сомнежи за политичко влијание и за блискост на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и обвинителката Катерина Коларевиќ со СДСМ и со ДУИ. Неговата изјава ја нарекуваат скандалозна и слична на оние во Северна Кореја, а изјавите ги оценуваат како брутален терор врз правдата.

-Милошоски, познат по слоганите „мртов Албанец, добар Албанец“, „гасна комора за Албанци“, по нарачување судски одлуки, истраги, рации и чистки, а кој беше спасен благодарение на промените во Кривичниот законик, нема никаков морален, политички или правен кредибилитет да зборува за правда. Наместо да покажат храброст, да одлучат за ситуацијата и да прифатат законски одлуки, тие ја играат улогата на ‘тему-обвинители’, иако не го прочитале ниту извештајот на Државниот завод за ревизија, ниту одлуката на Обвинителството. Државниот завод за ревизија нема експертиза за техничка проценка, но ВМРО постојано го заведува јавното мислење. Напротив, Обвинителството обезбеди посебна експертиза и за квалитетот и за штетата. Апелираме до Јавниот обвинител, Здружението на јавни обвинители, Советот на јавни обвинители, судството, правната заедница, САД и ЕУ, како и медиумите, да го осудат овој брутален и неприфатлив терор врз правдата – се вели во реакцијата од партијата.

Минатата недела Обвинителството соопшти дека истрагата за наводни злоупотреби со мазутот била запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко петрол“ и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулкоски и уште осум други осомничени.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не престанува со обвинувања и прозивки, додека Советот на јавни обвинители испрати порака дека за одговорност на обвинителите се барааат факти и докази, а не политички изјави и јавен притисок.

Обвинителството пак соопшти дека постапката во предметот за увезениот мазут, односно неговиот состав и влијанието врз животната средина продолжува, но Обвинителството можно е да бара експерт од странство за да ги толкува наодите од вештачењето, затоа што дел од институциите рекле дека немаат стручен кадар.

Постапката во предметот за увезениот мазут, односно делот кој се однесува на составот на мазутот и неговото евентуално влијание врз животната средина не е запрена, туку е издвоена од другиот, затворен дел и по неа активно се постапува, соопшти Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ се однесува како „обвинител од Тему“:…

ДУИ ја информирала целата локална и меѓународна…

За 24 часа полицијата интервенирала во 7…

МВР информира дека во последното деноноќие уапсени…

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…

Косовец возел над 200 км/ч на автопат…

На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат…

Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги…

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на…