Ѓорѓиевски најави нови мерки за спречување на врсничкото насилство во соработка со МОН
Министерството за образование и наука и Град Скопје наскоро ќе презентираат нов сет мерки наменети за намалување и спречување на врсничкото насилство меѓу децата и учениците, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Одговарајќи на новинарско прашање по повод последниот инцидент во Скопје, каде 13-годишно момче беше прободено со нож и се бори за живот, Ѓорѓиевски истакна дека веќе се подготвува засилена стратегија.
„Спремаме уште еден поголем сет на мерки заедно во соработка со министерката за образование, Јаневска, со која имаме одлична соработка, но и силна, силна поддршка во тој дел, така да во наредниот период ќе излеземе со цел сет на мерки и ќе бидете сведоци на она што ќе го започнеме како процес, а ќе влијае. Убеден сум, на долг рок за што помалку случаи такви да имаме“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека во изработката на платформата се вклучени експертски тимови кои ќе работат со учениците, но и со нивните родители.
„Некогаш вината би рекол е кај дел од децата, но многу почесто е вината кај родителите, кои што за жал на таков начин дозволуваат да се однесуваат децата. Но, ќе дадеме сè од себе за да помогнеме во тој процес. Знаете дека јас како градоначалник на Град Скопје една од оние работи кои што ја направив изминатиов период е да нема телефони присутни на наставата во средните училишта“, посочи Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски најави нови мерки за спречување на…
Министерството за образование и наука и Град…
Кривични против двајцa кавадарчани за „предизвикување општа…
Кавадаречката полиција поднесе две кривични пријави поради…
Питачела со нејзиното едномесечно бебе, приведена мајка…
На 02.09.2026 во 18:00 часот, полициски службеници…
Клековски: Решен е проблемот за пациентите со…
Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес…
Објавени имиња на Србите поврзани со нападот…
Германските истражители открија нови детали за обидот…